„Декон“ во стечај

Bez autora
Feb 08 2011

Најголемиот конфекциски капацитет во Гостивар, Декон, отиде под стечај. Стечајниот судија од гостиварскиот Основен суд на 1 февруари донесе решение за поведување стечајна постапка во ова акционерско друштво. Според стечајниот управник Мирослав Анастасиевски, околу 150 работници ги губат работните места и ќе се префрлат во евиденцијата на Агенцијата за вработување. До 29 март, за кога е закажано стечајно рочиште, треба да се изврши анализа, по што ќе се знаат вредноста на имотот и обврските на фирмата. Со стечајот ќе бидат опфатени брендот „Декон“, дел од опремата, репроматеријали и готова конфекција. Според првичните сознанија, сите објекти на фабриката, претходно со извршување по основа на хипотека и залог, веќе имаат нови сопственици.

„Декон“ во стечајНајголемиот конфекциски капацитет во Гостивар, Декон, отиде под стечај.

Стечајниот судија од гостиварскиот Основен суд на 1 февруари донесе решение за поведување стечајна постапка во ова акционерско друштво. Според стечајниот управник Мирослав Анастасиевски, околу 150 работници ги губат работните места и ќе се префрлат во евиденцијата на Агенцијата за вработување. До 29 март, за кога е закажано стечајно рочиште, треба да се изврши анализа, по што ќе се знаат вредноста на имотот и обврските на фирмата.

- Со стечајот ќе бидат опфатени брендот „Декон“, дел од опремата, репроматеријали и готова конфекција. Според првичните сознанија, сите објекти на фабриката, претходно со извршување по основа на хипотека и залог, веќе имаат нови сопственици - вели Анастасиевски.

Најголемиот извозник и производител на конфекција во гостиварската општина западна во криза пред четири години. Работниците штрајкуваа поради неколку неисплатени плати. Менаџерскиот тим обвинуваше за опструкции на поединци и бараше работниците да продолжат со работа. Следуваа прекин во работата и судски постапки.

Најверојатно „Декон“ ќе биде ликвидиран, а преостанатите машини и опрема ќе бидат продадени. Шансите за реорганизација на фирмата биле испуштени во времето кога настапила кризата, а во меѓувреме никој од акционерите не побарал стечај.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik